„Ју тјуб“ ги менува правилата: Без 10.000 прегледи, нема заработка

„Ју тјуб“ ја ограничува заработката на оние чиишто канали имаат помалку од 10.000 прегледи, објави компанијата на нивниот блог.

Како причина ги наведоа „заштитата на квалитетните автори и нивните видео-материјали“, но и потврда за квалитетот на она што го работат.

Новите правила се однесуваат и на новите пријави за програмата „Јутјуб партнер“ која овозможува прикажување на огласи и заработка, бидејќи ќе се промени процесот на проверка на сите кои првпат се пријавуваат за своите видео снимки. Оној момент кога одреден канал ќе стигне бројка од 10.000 прегледи, огласор сам ќе почне да се прикажува.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови