Кој беше најкрвавиот грабеж на банка во македонската историја

Пред десет години во ноември 2007 година во Македонија се случи еден од најкрвавите грабежи на банка. Епилогот беше еден мртов и украдени околу 200 илјади евра.

Во ретро Ве потсетуваме на грабежот во кој разбојници го нападнаа џипот со кој се пренесуваа пари на Комерцијална банка. Во обезбедувачите беше пукано од пиштол и автоматско оружје.

Како се служи грабежот?

Според полицијата и сведоците, околу 7.30 часот, џипот запрел на црвено светло на лентата за вртење лево, пишува тогаш дневниот весник „Време“.

„Хондата“ се движела откај МРТ по булеварот Гоце Делчев, со намера да сврти лево по улицата Беласица, која е пред главниот влез на Скопскиот саем. Отспротива се наоѓа бензинска пумпа на „Макпетрол“. Еден од вработените имал чист поглед кон местото.

- Слушнав пукање, не знам точно колку траеше. Напаѓачите му пријдоа на џипот одзади. Не знам какво возило имаа. Забележав дека возачот на „хондата“ успеа некако да се соземе, прибра еден од погодените и со голема брзина го однесе, претпоставувам во болница. Уште еден од „хондата“ лежеше на десната страна од булеварот, обилно крвавејќи. Набргу тука се појави еден полицаец, кој го однесе ранетиот во болница - раскажуваше вработениот.

Според МВР, возачот ги однел во болница двајцата ранети колеги. По пукањето вработениот во бензинската пумпа забележал една црвена „форд фиеста“ како стои препречена на семафорите. Не сфатил дали „фиестата“ го блокирала џипот пред нападот.

- Можеби по нападот ги блокира другите автомобили за да му помогне на џипот да го однесе ранетиот во болница - додаде тој.

Според МВР, не „фиестата“ туку „голф 2“ било возилото на напаѓачите. 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

ТОП 5: Кражбата во НЛБ Банка најголема во историјата на Македонија

Кои се најголемите грабежи на банки во светот

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести