Плата до 1.000 евра: Каде најмногу можете да заработите како сезонски работник на Балканот

Сезонските работи се актуелни периодов, а недостатокот од работници се поголем. Во летниот период во земјите од регионот има зголемена побарувачка на сезонска работна сила, анализира српски Блиц.

Во Србија се бараат на пример келнери, берачи на боровници и на овошје, во Црна Гора се бараат кувари, помошници на кувар и келнери и хостеси, во Хрватска се бараат собарки, туристички возачи, пица мајстори, кувари и дадилки, додека во Грција се бараат келнери, трговци па дури и фотографи.

Македонците пак, посебно студентите секоја година традиционално заминуваат на сезонска работа во некои од најблиските земји.


Дневниците се одлични, барем за македонски услови. За берење малини, капини, јаболки, праски може да добиете дневница од 900 до 1200 денари.

Од средината на јули почнува бербата на боровинки, а со оваа работа може да заработите дневница од 2.000 денари. На берачите им останува чиста заработка, бидејќи немаат други трошоци – имаат обезбедено сместување и храна.

Подеднакво се барани и берачи на домати, краставици и пиперки. Заработката по набаран килограм е 18 денари. 

Во Црна Гора најпопуларни се работите во угостителството, каде што за кувар плаќаат од 800 до 1.200 евра, за келнер во ресторан од 300 до 500 евра (плус бакшиш), помошник кувар од 400 до 500 евра. За домаќин на брод плаќаат и до 1.000 евра месечно, но работата подразбира одржување хигиена, перење алишта, сервирање...

На Хрватското приморје, собарките имаат плата од 500 до 700 евра, туристичките возачи од 500 до 600 евра, продавачи на сладолед од 500 до 600 евра, куварите и пица мајсторите од 1.000 до 1.400 евра, дадилки од 400 до 500 евра, а келнери од 800 до 1.000 евра (плус бакшиш).

Се поатрактивна за сезонска работа е и Грција, каде што за работа како фотограф може да заработите и до 1.500 евра! Во продавница за кожа во Грција може да заработите плата до 700 евра, а освен англиски јазик, пожелно е да знаете и српски, руски или романски. Старосната граница за секоја работа е 35 години. 

Спасувачите на плажа имаат плати од 650 евра, а дневницата на еден бармен изнесува околу 45 евра.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!