Мобилната апликација за паркинг услуги за корисниците и жителите на Општина Центар

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната конференција за медиуми ја претстави мобилната апликација за паркинг услуги за корисниците и жителите на Општина Центар.

Следејќи ги глобалните трендови во технологијата, во насока на задоволување на современите потреби на корисниците на паркиралиштата кои се под ингеренции на Општина Центар, ЈП Паркинзи на Општина Центар разви и ја стави во употреба апликацијата за мобилни уреди – ПОЦ, изјави директорот Саша Богдановиќ.

„Мобилната апликација овозможува брзо и едноставно добивање на сите потребни информации во врска со паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, статус на корисничките договори, плаќање на паркинг услуги со СМС, купување на Припејд дневна паркинг карта, најава на гости, плаќање на Дневна паркинг карта со електронски картички, известувања и новитети,“ изјави Богдановиќ.

Апликацијата е достапна за Android и iOS платформите.

Сè што треба да се направи е да се симне апликаијата на ПОЦ со кириличен фонт од Google play или од App store, во зависност од тоа кој оперативен систем го користите. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови