Шојбле: Ако на мигрантите не им се допаѓа Европа нека си заминат на друго место

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека муслиманите кои мигрираат во Европа треба да сфатат дека постојат и подобри места за живот доколку не сакаат да го прифатат европскиот начин на живеење. 

- На оние мигранти кои не го прифаќаат европскиот начин на живот треба да им се каже „Сте донеле погрешна одлука“, нагласи Шојбле. 

- За живот под исламски прописи, постојат и подобри места за живот од Европа, додаде тој.

Во однос на еврозоната, Шојбле наведе дека ако европските земји сакаат да го задржат еврото, тие треба да ги почитуваат взаемните одговорности на зедничката валута.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести