Отворен тестаментот на Есма Реџепова: Целиот имот и го остави на Македонија

Се отвори тестаментот на Есма Реџепова Теодосиевска, во кое јасно и гласно стои дека сиот имот ѝ го подарува на државата, изјави за емисијата Гласот на народот на Радио Слободна Македонија, Зорана Костовска, најблискиот соработник на Есма Реџепова Теодосиевска.

Костовска вели дека Есма постојано велела дека парите ги направила од концерти, а за концертите народот купувал карти, така што таа сакала сè да остави на својот народ.

- Таа го исполни своето ветување. Есма многу ја сакаше Македонија и Македонија ја сакаше Есма. Никогаш каде и да одевме низ светот Македонија не ја изоставуваше од своите изјави, интервјуа. Во срцето ја носеше македонската песна, душа и мисла. Знаеше да каже дека е горда на својата Македонија. Затоа Есма сиот свој имот ѝ го подари на Македонија - вели Костовска. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови