(ВИДЕО) САД објави снимка од нападот со мајката-бомба во Авганистан

1238 Views Април 15, 2017 Свет Никола Осило

САД објави видео-снимка од нападот со најмоќната ненуклеарна бомба „GBU-43/B“ наречена „мајката на сите бомби“ во Авганистан.

Со тежина од 9,5 тони и моќност на експлозијата споредлива со 11 тони ТНТ оваа бомба ја погоди целта- системот пештери и тунели во округот Ачин, во провинцијата Нангахар на границата со Пакистан, кој го користела локалната ќелија на Исламската држава.

Според официјалното соопштени на авганистанската влада, во операцијата за којашто се наведува дека била заедничка на авганистанските и меѓународните сили во оваа земја, биле убиени 36 бунтовнички борци, а нема настрадани меѓу цивилното население. Но подоцна излегоа процени дека во нападот загинале осумдесетина лица.

Белата куќа соопшти дека овој удар ја покажал решеноста на администрацијата на САД да ја разбие оваа терористичка организација.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!