Тревога: Блокиран просторот околу Белата куќа поради „сомнителна торба“

395 Views Април 15, 2017 Свет Никола Осило

Американската Тајна служба ја блокираше Белата куќа откако е пронајдена сомнителна торба пред резиденцијата на претседателот Доналд Трамп.

„Белата куќа е блокирана. Новинарите се отстранети од Северниот тревник. Можен сомнителен пакет во авенијата Пенсилванија“, напиша на Твитер фоторепортерот на Си-Ен-Ен, Питер Морис.

Морис напишал дека се „евакуирани луѓе од авенијата Пенсилванија и паркот Лафает“. Новинарот од Вашингтон, Бен Пејџ-Гил сподели слика на интернет од „сомнителната торба“ поради која е покрената тревога.

Репортерката на Си-Би-Ес, Кејти Вилсон објави дека Тајната служба потврдила дека истражува пронајден пакет на неколку метри од Белата куќа.

„Просторот е исчистен и туристите се повлечени назад откако е пронајден пакетот во близина на северната ограда“, пишува Морис на социјалната мрежа

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!