На аукција ќе се распродава возниот парк на „Лазов груп“

13551 Views Април 16, 2017 Бизнис Никола Осило

На аукција закажана за 24 април, годинава ќе се продаваат возила во сопственост на компанијата „Лазов груп“ во стечај. На продажба се нуди комбинирано моторно возило со 5 места за седење, марка „Фиат“, тип и модел „Doblo cargo“ со проценета вредност од 214.336 денари. Минимален износ на наддавање е 10.000 денари

Патничко моторно возило со 4 места за седење, марка „Пежо“, тип и модел 107, со проценета вредност од 75.670,89 денари. Минимален износ на наддавање е 3.000 денари

Патничко моторно возило „Пежо“ со проценета вредност од 75.671,00 денари. Минимален износ на наддавање е 3.000 денари

Продажбата ќе се врши по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена. Заинтересираните правни и физички лица за купување на горе наведениот имот се најавуваат преку системот за Е-Аукција при Централниот Регистар на Република Македонија до стечајниот управник Душко Тодевски дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба.

Имотот се продава по системот видено-купено. Дополнителни рекламации не се признаваат. Информација за имотот предмет на продажба, заинтересираните учесници можат да добијат исклучиво во работен ден, во период од 10,00 часот до 14,00 часот, кај стечајниот управник Душко Тодевски.

Право на учество во електронска продажба имаат учесниците кои најдоцна до 20.04.2017 година ќе уплатат 10% од проценетата вредност на имотот

Електронската продажба со јавно надавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на 24.04.2017 година, со почеток во 11,30 часот, и ќе трае 30 минути односно до 12,00.

Повеќе детали ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Луксузниот „Лексус“ на „Лазов груп“ ќе се продава на аукција

Распродажба на билбордите на фирмата „Лазов груп“

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!