ЕКСКЛУЗИВНО: ЦИА открива дека Бугарија во 1947 година сакала да го отстапи Пирин на Македонија

15075 Views Април 16, 2017 ЦИА открива Никола Осило

Како што во неколку наврати веќе пишуваше „еМагазин“, американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и Југославија.

Во оваа прилика ви ја пренесуваме содржината на документ на ЦИА од 1947 година која открива дека Политбирото на Комунистичката партија на Бугарија се согласило да го отстапи Пирин на Македонија за да се разреши Балканскиот проблем, но за тоа поставило одредени барања.

 

„1.Бугарија да добие пристап до Егејското Море во позадината на бугарско-грчката граница.

2.Македонија да го добие Солун.

3.Ѓорѓи Димитров да биде водач на Балканската федерација, а не Маршалот Тито.

Бугарските комунисти најверојатно ќе се сложат на компромис во однос на овие барања, но сега ги одложуваат преговорите за Балканската федерација и предлагаат ограничен договор со кој ќе се воведе царинска и монетарна унија, како и блиска соработка во економските, културните, политичките и воените сфери“, пишува во документот на ЦИА.

Оргиналниот документ на ЦИА ТУКА.

СИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА ЗА МАКЕДОНИЈА КОИ ЕМАГАЗИН ДО СЕГА ГИ ОБЈАВИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести