Истражување: Станови во Солун двојно поевтини отколку во Скопје

11873 Views Април 16, 2017 Наша тема Никола Осило

Драстични разлики во цените на становите меѓу Скопје и Солун кои во одредени случаи, во зависност од големината и атрактивноста на локацијата достигаат и од 500 евра открива анализата на понудата на грчките и на македонските агенции на недвижности.

Во Солун стан од 80 квадратни метри може да се купи и по цена од 45.000 евра, што е речиси незвоможно да се најде во Скопје, макар објектот бил и во подалечните и не толку атрактивни населби во главниот град.

Во центарот на Солун може да се купи студио по цена пониска од 20.000 евра, додека сличните станбени објекти односно гарсоњерите во центарот на Скопје држат цени кои надминуваат 30.000 па дури и 40.000 евра иако станува збор за површина помала од 30 квадрати.

Ваквото намалување на цените на становите во Грција доаѓа откако државата ги зголеми даноците на недвижниот имот, што ја зголеми понудата на станови кај нашиот јужен сосед.

Сепак, со оглед на тоа што Солун е град кој излегува Егејското Море нелогично е цените на становите во Скопје, кој е еден од најзагадените градови во Европа да бидат двојно повисоки отколку цените на становите во Солун.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!