Каде можете да го донирате вишокот храна од празниците?

Изминува и последниот ден од продолжениот празничен викенд исполнет со богата софра со храна и убави моменти со најблиските. Како по обичај повеќето македонски семејства за празничниот период купуваат повеќе храна отколку што им е потребно, па во многу случаи потоа таа завршува во контејнерите.

Статистиката покажува дека граѓаните фрлаат илајдници тони храна иако истовремено во земјава има семејства и поединци кои финансиски се немоќни да си дозволат солиден оброк, а има и стотици кои живеат без покрив над главата и кои секојдневно се борат да обезбедат парче леб.

Празниците се одличен период за граѓаните да покажат чувство за солидарност и сожителство и наместо да го фрлат вишокот храна да ја донирааат на оние на кои им е вистински потребна.

Тоа можат да го сторат со контактирање на здружението „Љубезност“ кое постојано прибира и дели донации oд храна, како и во Црвениот крст на Македонија.

Контакт со „Љубезност“ ТУКА.

Контакт со Црвениот крст ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!