Сообраќајот на влезот во Скопје кај хотел „Континентал“ е затворен поради пукната цевка

Поради пукната цевка кружниот тек кај хотел „Континентал“ е затворена за сообраќај, од Автокоманда кон Саем и од Бит Пазар кон Саем, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Од таму велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови