Дел од цигарите поскапеа за 5 денари, а од јуни ќе поскапат за уште 4 денари

Од минатиот четврток одредени брендови на цигари се продаваат за цена за пет денари повисоки. Нова цена имаат „West silver“, ,„West red“, „West white“, „Walter Wolf“, „Ronhill Black“ и Gold.

Трговците велат дека немаат информации како резултат на што е ова поскапување на цигарите. Велат дека со новата достава на цигари им биле доставени и нови цени за пет денари поголеми од претходните.

Инаку според календарот на зголемување на акцизите од јуни 2017 година цигарите ќе бидат поскапи за четири денари.

Поскапувањето на цигарите започна од 1 јуни 2015 та година, кога се зголеми акцизата за 0,15 денари по парче.

Почнувајќи од оваа година, па наредните седум години годишното поскапување на цигарите, предизвикано од повисоката акциза, ќе изнесува четири денари по кутија.

Пресметките покажуваат дека кутија цигари која сега чини 120 денари, по осум години само со зголемувањето на висината на акцизата, ќе чини од 154 денари.

Последното поскапување на цигарите беше во јуни минатата година кога цената се зголеми за 3 денари од кутија.

Дел од парите кои ќе се соберат од акцизата платена за цигарите, според најавеното треба да се се користат за подобрување на здравствената заштита на населението. За пушачите пак тоа ќе биде повисок издаток.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови