(Видео) Авионска несреќа во Лисабон: Авион се урна во супермаркет, петмина загинати

901 Views Април 17, 2017 Свет Камелија Делија

Во близина на супермаркет во станбен кварт во Лисабон денеска се урна мал авион. Според првичните информации загинале најмалку пет луѓе - четворица кои биле во авионот и еден на земја.


Авионот се урнал по полетувањето од аеродромот што е во близина, оддалечен околу 20 км западно од Лисабон.

Авионот се урнал кратко по полетувањето и паднал покрај камион паркиран до маркет, од кој што се истоварувале продукти.


Пилотот кој загинал е од Швајцарија, тројцата патници биле Французи, а на земја настрадал возач на камион, Португалец:

Видео: Ruptli/International newz

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!