Ердоган и се закани на ЕУ: Ако е неопходно ќе организираме референдум за прекин на преговорите

1718 Views Април 17, 2017 Балкан Камелија Делија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека меѓународните набљудувачи „треба да си го знаат своето место“, како одговор на критиките дека референдумот во државата не бил согласно меѓународните стандарди.

Обраќајќи се на свои приврзаници во Анкара, тој рече дека за Турција нема да е од големо значење ако Европската унија ги прекине преговорите со неа за членство.

- Ако е неопходно Турција ќе организира референдум за прекин на преговорите за членство во Европската унија, изјави Едроган.  

Тој нагласи дека вчерашното гласање на референдумот ставило крај на дебатите за промени во Уставот и значи воведување претседателска република. Според него, извршувањето на реформите ќе почне со судскиот систем.

Ердоган додаде дека државата не ги признава извештаите на набљудувачката мисија на ОБСЕ укажувајќи дека дел во ЕУ се против уставни промени во Турција повеќе отколку опозицијата

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!