Главната опозициска партија во Турција побара поништување на референдумот

Најголемата турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) денеска поднесе жалба го Високата изборна комисија со барање да се поништи референдумот за проширување на овластувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Заменик-претседателот на ЦХП, Булент Тезџан изјави дека бројот на исчезнати гласови на референдумот бил „без преседан“ и оти е непознато колку гласачкии ливчиња биле без печат.

Пред Високата изборна комисија стотици луѓе чекале за да ја предадат петицијата со која се бара повлекување на контроверзната одлука донесена за време на референдумот, да се прифатат гласачки ливчиња без печат.

Во петицијата составена од жителите на Анкара се наведува дека се регистрирани и други нерегуларности што претставуваат отворено кршење на законот.

Редови имаше и пред канцеларијата на  Високата изборна комисија во Истанбул.

- Одлуката на  Високата изборна комисија да се користат ливчиња без печат е донесена во последен момент и е јасно противзаконска и може да има влијание на резултатите на референдумот. Со одлуката официјалните претставници на изборните места доведени се во заблуда дека е во ред да се без печат гласачките ливчиња, соопшти денеска Адвокатската комора на Турција (ТББ).

ТББ очекува Високата изборна комисија да ги сфати своите уставни одговорност во проценувањето на жалбите. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови