(ВИДЕО) Тинејџерите Албанци во Македонија „навлечени“ на косовски рап

Во македонското Собрание, пратениците, посебно од македонскиот блок секој ден се натпреваруваат меѓусебно да покажат колку добро живеат Албанците и Македонците во Македонија. 

Нема дилема дека меѓуетничките односи во земјава последните години се значително подобрени, но повторно тука се политичарите и институциите кои не само што прават да живееме едни покрај други, а не заедно, туку придонесуваат тие и да се влошуваат.

А конкретните докази дека ние всушност само живееме едни покрај други се многубројни. Од банални до сериозни. Постојат многу работи кои не ги знаеме едни за други.

Така на пр. знаете ли каква музика слушаат албанските тинејџери. Кои се најпопуларни пејачи кај Албанците? Нели музиката секогаш поврзува?

еМагазин истражуваше на темата и еве ги резултатите.

Младите Албанци во Македонија најмногу слушаат рап и хип хоп музика која доаѓа од соседите Косово и Албанија.

Албанскиот пејач Rigels Bashkim Rajku (роден 27 септември, 1986) или познат како Noizy (или Zini Zin), е еден од најпопуларните пејачи во областите каде што се зборува албански јазик. Тој е рапер, актер, продуцент, текстописец, а првиот албум го објавил во 2009 година.

Групата 2po2 е формирана во 1995 година од Besnik Canolli и Arben Mehmeti, а во 1997 година тие го објавија својот прв сингл. Canolli по 16 години во музички води објави и свој соло албум. 

Популарен и косовскиот рапер Ledri Vula.

Како и Capital T, или Trim Ademi, роден во Приштина, кој има објавено неколку албуми и има собрано еден куп награди.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови