Кутија цигари и до 700 денари: Кој пуши најевтини, а кој најскапи цигари во Европа

Асоцијација на производители на тутун (TMA) изготвува годишни извештаи за движењето на цената на кутија цигари во рамките на земјите од ЕУ и според тие извештаи, во 2016-та година цената на кутија цигари во ЕУ се движела од 70 до 700 денари. 

Асоцијацијата во своето истражување земјите ги категоризира во 4 групи и тоа: земји во кои цената е пониска од 1.99 фунти; земји во кои цената е помеѓу 2 и 3.99 фунти; земји во кои цената е помеѓу 4 и 5.99 фунти; и земји во кои цената на цигарите е поголема од 6 фунти.

За најскапа земја во ЕУ кога станува збор за цената на цигарите се смета Норвешка (694 ден.), па потоа следат Велика Британија (680 ден.) и Ирска (606 ден.).

Во втората, помалку скапа категорија, се вбројуваат: Франција (404 ден.), Холандија (381 ден.), Белгија (365 ден.), Данска (340 ден.), Германија (336 ден.) и Луксембург и Франција (300 ден. во двете земји). 

Во третата група на земји во кои кутија цигари чини од 145 денари до 218 денари се вбројуваат: Португалија, Шпанија, Чешка, Полска, Естонија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Словенија, Романија, Бугарија, Грција и Турција. 

И за крај, само Русија (82 ден.) и Украина (46 ден.) се вбројуваат помеѓу земјите во кои цигарите чинат помалку од 2 фунти

Споредено со земјите во Европа во Македонија цигарите се меѓу најевтините. Просечна цена на кутија цигари изнесува околу едно евро, дносно 60 денари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!