(Фото и видео) Зимата се врати на Балканот: Сараево завеано, снег и бура во Хрватска

586 Views Април 19, 2017 Балкан Камелија Делија

Снег падна во континенталните делови на Хрватска и во Босна и Херцеговина, а брегот на Јадранско Море е зафатен од поројни дождови и силен ветер, а на места има и бура.



Слаби врнежи од снег има во хрватските области Горски Котор и Лика, а дел од патиштата се затворени за движење, а на некои е забрането движење на товарни возила.

Хрватските медиуми јавија дека вчера во делови на земјата паднал снег, како и дека температурата се спуштила до еден степен.

Снег паѓал на врвовите на ридот околу тунелот мала Капела, како и на подрачјето на Оточац, Језерана и Брињ, додека дожд паѓал во регионите на Задар и Шибеник, каде се забележани посилни налети на бура.

Исто така е забрането пловењето за некои фериботи и чамци до островите во Јадранско Море.
Снегот во текот на вечерта почна да паѓа и на повеќе планини во БиХ, како и во Сараево.


Босанските медиуми јавуваат дека Федералниот хидрометеоролошки завод соопштил дека снег паѓа и на Бјелашница и во Хан Пјесак.

Во поголемиот дел од Србија од неќеска почна да врне дожд, а претходно е најавено дека на повисоките делови во земјата ќе паѓа снег.

И жителите на Чешка, Полска и на Германија беа изненадени од невремето проследено со снег кое предизвика хаос во сообраќајот, посебно поради фактот што возачите веќе ги замениле зимските гуми на возилата со летни.

Фото: Фејсбук/ Инстаграм/Насловна: Дневни аваз

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови