Кои се тројца најголеми акционери во „Македонијатурист“?

2348 Views Април 20, 2017 Бизнис Никола Осило

„Македонијатурист“ Ад Скопје во трговскиот регистар на Република Македонија има запишано акционерски капитал со номинална вредност од 700.983.000 денари, соопшти компанијата во годишниот извештај објавен преку Македонската берза.

На 31. декември 2016 година, акционерскиот капитал се состои од 452.247 обични акции. Номиналната вредност на една акција изнесува 25,56 ЕУР. Пазарна вредност на една акција на 31.12.2016 е 3.700 денари.

Листа на најголеми акционери:

Акционер                                Број на акции                       Структура

1. Доне Таневски                        86.732                               19,178%

2. Соња Бибановска                   50.953                                11,267%

3. НЛБ Пензиски фонд               39.222                                 8,672%

Фото: Wikimapia

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

За награди на Надзорниот одбор на Македонијатурист 1,2 милиони денари

Македонијатурист ќе дели дивиденда

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!