Денеска облачно со локални врнежи и засилен ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава, на моменти со брзина и над 90 км/час.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од осум до 17 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Утре времето ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен вдолж Повардарието. Температурите значително ќе опаднат, утринската од минус два до четири, а дневната од шест до 13 степени. За време на викендот се очекува разведрување со што утринската температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови