Мода од Свети Николе ги објави примањата на членовите на Одборот на директори

932 Views Април 20, 2017 Бизнис Петре Димитров

Мода АД Свети Николе во Годишниот извештај за минатата година ги објави примањата на членовите на Одборот на директори.

Грозде Цветковски, извршен директор, лани имал годишна бруто плата од 1.756.468 денари (нето 1.162.821 денари). Како надомест за годишен одмор и новогодишен бонус земал бруто 18.890 денари (нето 17.001 денари).

Надомест за членство во Одборот не зема.

Манфред Михалски, извршен директор, лани имал годишна плата од 254.442 денари (нето 176.000 денари). Како надомест за годишен одмор и новогодишен бонус земал бруто 18.890 денари (17.001 нето).

Надомест за членство во Одборот не зема.

Ангел Димитров, неизвршен директор лани имал годишна бруто плата во Камотекс ДОО од 1.644.788 денари (нето 1.089.447). Како надомест за годишен одмор и новогодишен бонус земал бруто 18.890 денари (нето 17.001 денари).

Надомест за членство во Одборот не зема.

Мара Саздовска, неизвршен директор лани имала годишна бруто плата во Камотекс ДОО од 611.869 денари (410.821 нето). Како надомест за годишен одмор и новогодишен бонус земала бруто 18.890 денари (нето 17.001 денари).

Како надомест за членство во Одборот земала бруто 133.333 денари (120.000 нето).

Јорданчо Давитков, неизвршен директор лани имал бруто годишна плата од 528.150 денари (355.816 нето). Како надомест за членство во Одборот земал бруто 133.333 денари (120.000 нето).

Како надомест за годишен одмор и новогодишен бонус земал бруто 18.890 денари (нето 17.001 денари).

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.