HBO ќе снима серија по сценарио на Марјан Алчевски

„Успех“ е името на серијата која по сценарио на македонскиот сценарист Марјан Алчевски, кој живее и работи во Хрватска ќе ја снима „HBO Adria“.

Огромниот успех на овој наш уметник доаѓа откако се пријави на натпреварот „HBO Adria First draft“ со кој компанијата ги повика авторите да пријават сценарија кои би биле „сместени“ на подрачјето на поранешна Југославија односно Хрватска, Србија, Црна Гора, БиХ, Македонија и Словенија.

„Успех“ е мрачна дисекција на денешното општество. Станува збор за повеќеслојна драма која е фокусирана на ликовите кои ги поврзува еден злосторнички чин.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови