БИМ од Свети Николе ги објави примањата на членовите на Одборот на директори

1273 Views Април 20, 2017 Бизнис Петре Димитров

БИМ АД Свети Николе во Годишниот извештај за минатата година ги објави примањата на членовите на Одборот на директори.

Ѓорги Стојанов, генерален директор и извршен член на Одборот на директори има годишна нето плата од 744.559 денари, нето регрес за годишен одмор од 10 илјади денари, нето новогодишен надоместок од 6 илјади денари и нето надоместок за успешно водење на фирма од 96.958 денари.

Стојанче Стојанов, претседател на Одборот и неизвршен член лани имал нето плата од 782.138 денари, нето регрес за годишен одмор од 10 илјади денари, нето новогодишен надоместок од 6 илјади денари и нето надомест за член на Одборот од 36 илјади денари.

Владимир Гилев, неизвршен член имал годишна нето плата од 363.611 денари, нето регрес за годишен одмор од 10 илјади денари, нето новогодишен надоместок од 6 илјади денари и нето надомест за член на Одборот од 36 илјади денари.

Истиот има и примања како советник во Советот на Општина Свети Николе од 92.940 денари.

Драгољуб Николов, неизвршен член имал годишна нето плата од 317.828 денари, нето регрес за годишен одмор од 10 илјади денари, нето новогодишен надоместок од 6 илјади денари и нето надомест за член на Одборот од 36 илјади денари.

Василка Стоилова, неизвршен член имала нето надомест за член на Одборот од 36 илјади денари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.