„Икеа“ планира да отвори фабрика во бегалски камп во Јордан

Шведската компанија „Икеа“, позната по производство на мебел, ова лето планира да отвори фабрика во бегалски камп во Јордан.

Фабрикате е дел од нивниот долгорочен план за вработување на 200.000 луѓе во светот кои се во неповолна положба, преку програмата за социјално претприемништво.

Центрите во Јордан треба да бидат во функција од август и план е да се вработат сириските бегалци и Јорданци во производство на плетени производи, вклучувајќи теписи, перници и прекривачи за кревети.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови