Фармацевската компанија Новартис дел од вториот македонски конгрес за хематологија во Скопје

Во периодот 18-20 април 2017 година во Скопје се одржа вториот конгрес за хематологија, кој беше организиран од страна на Македонското здружение за хематологија.

На конгресот учествуваа повеќе од 25 еминентни експерти од Европа и Америка, и истиот беше посетен од страна на повеќе од 100 здравствени работници од Македонија.

За време на Конгресот, фармацевтската компанија Новартис имаше Медициснки научен Симпозиум во доменот на Миелопролиферативните неоплазми, во кој земаа учество и Др. Јасминка Талеска-директор напреставништво на Новартис во Македонија,претседател Проф. Лидија Чевреска, директор на клиниката за хематологија Скопје, Проф. Злате Стојаноски - научен соработник, клиника заХематологија Скопје и Проф. Срѓан Верстовсек - МД Андерсон Центар, Тексас УСА.

“Огромна чест и задоволство е да се биде дел од ваковтип на настан. Мисијата и целта на Новартис ја започнавме тука во македонија пред 20 години, а таа цел беше и сеушете е максимална грижа за пациентот, како и достапноста на иновативни лекови за него.

Остваривме голем број на проекти, едукации и кампањи се за доброто на пациентите во Македонија.На овој симпозиум ја имавме честа да оствариме соработка со Проф.Серѓан Верстовсек,од МД Андерсон Центарот за карциноми во Хјустон,Тексас кој е еден од водечките експерти во полето на миелофиброзата,кој што ги пренесе своите искуства во третманот на ова заболување”, изјави, Др. Јасминка Талеска-директор на преставништво на Новартис во Македонија.

Програмата на конгресот беше дизајнирана да биде стимулативна и интерактивна, со едукативна содржина со цел да се подобри раната дијагностика и исходот од третманот на пациентите со хематолошки малигнитети, преку едукација на здравствените работници за бенефитите на најсовремената терапија за хронична лимфоцитна леукемија и индолетни лимфоми, како и поволностите од овие терапии за пациентите и за здравствениот систем.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови