Неизвесна судбината на вработените во „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“

Компанијата „Медиа принт Дооел“, фирма ќерка на Медиа принт Македонија (МПМ) објави оглас за вработување на 55 новинари.

Огласот се однесува за вработување на 112 лица, а во медиумите „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ работат околу 250 лица, од кои само околу 100 се новинари.

Дел од вработените денеска откако беше објавен огласот излегоа на протест и информираа дека се плашат дека ќе останат без работа и дека не им јасно дали станува збор за редуцирање на бројот на вработените и дали некои од медумите ќе згаснат или ќе продолжат да работат во друга форма.

На вработените, како што информираа, им стигнало известување дека оние кои се заинтересирани можат да се пријават на огласот за вработување во новата фирма. 

Фото: Радио Слободна Европа

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови