ЕКСКЛУЗИВНО: Вилите на Лазар Колишевски на Водно во тајните документи на ЦИА

Како што во неколку наврати пишуваше „еМагазин“, американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и Југославија.

Во оваа прилика ви пренесуваме како разузнавачите на ЦИА уште во 1951 година во детали ги известувале претпоставените за активностите на градежната компанија „Бетон“, менаџерскиот тим на компанијата и за бројот на вработените.

Во документот на ЦИА е наведена и листа на објекти на чија изградба била ангажирана оваа градежна компанија меѓу кои и Министерството за внатрешни работи, дирекцијата на Управата за државна безбедност (УДБА), повеќе фабрики, училишта и факултети, како и вилите за државните функционери лоцирани на Водно.

„Во 1949 година беа изградени шест вили во близина на селото Водно. Тие се познати како вилите на Лазар Колишевски и им беа дадени на користење на министри и други високо рангирани функционери. Подоцна, на Водно беа изградени повеќе вили“, се вели во документот на ЦИА.

Оргиналниот документ на ЦИА ТУКА.

СИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА ЗА МАКЕДОНИЈА КОИ ЕМАГАЗИН ДО СЕГА ГИ ОБЈАВИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести