Рудници Бањани ќе дели дивиденда

158 Views Април 21, 2017 Бизнис Петре Димитров

Собранието на акционери на Рудници Бањани донесе одлука за исплата на дивиденда за минатата година, информира компанијата преку Македонската берза.

Висината на дивидендата е 40,50 денари по акција нето, односно бруто-45 денари.

Дивидендата ќе се исплаќа од акумулираната добивка од 2014 и 2015 година во износ од 1.162.613 денари, остатокот од добивките до 2008 година во износ од 143.394,50 денари и дел од добивката од минатата година во износ од 1.456.632,50 денари.

Остатокот од минатогодишната добивка во износ од 797.070,50 денари останува нераспределен.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.