Во Истанбул посаден „килим“ од лалиња

Огромен „килим“ од 564 илјади лалиња е „исткаан“ во историскиот центар на Истанбул, во реонот меѓу „Света Софија“ и џамијата „Султан Ахмет“.

Според весникок „Сабах“, „килимот“, кој има традиционални мотиви е во црвено-жолто-беа комбинација и се простира на површина од точно 1.453 метри квадратни. 

Оваа бројка е намерно избрана, бидејќи во 1453 година Османлиите го освоиле Константинопол, денешен Инстанбул.

„Сабах“ нагласува дека ова е до сега најголемиот „килим од лалиња“ во светот.

Лалињата искористени за „килимот“ потекнуваат од источна Турција и од степите  во Централна Азија, каде овој цвет првично бил култивиран од Турците Османлии и подоцна пренесени во Истанбул. 

Фото: Сабах

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови