Ретвитни Оброк и Мрдни со Прст заедно ќе готват за бездомници

Денес од 17:00 часот, на улица Петар Поп Арсов бр. 6. во близина на Универзална Сала, Ретвитни Оброк заедно со Мрдни со Прст и DJ Goce SAF ќе готват за бездомници и ќе го прослават 2-от роденден на групата ентузијасти која подготвува и донира оброци на оние на кои им е најпотребно.

Имено, секој е добредојден денеска, но и секој петок во иднина, да мрдне со прст и да помогне околу сецкањето на морков, кромид, зелка, мешање на ориз, пакување на зготвените оброци или друга креативна опција - да донесе неколку зготвени и спакувани оброци и воедно да се дружи со позитивни и весели луѓе.Дополнително, DJGoce SAF ќе биде музичката поддршка и подлога со цел готвењето да биде разиграно, лесно и певливо.

„Идејата „Ретвитни оброк“ се роди пред точно две години. Сега смесамоорганизирана група од дваесетина млади луѓе кои подготвуваат и донираат оброци на бездомниците во Скопје. Покрај тоа што сме дваесетина луѓе, секој петок ни се приклучуваат нови кои готват заедно со нас.

Всушност, во петок ја готвиме храната за потоа секоја сабота од 12:30 часот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза истата храна се подели на оние кои се гладни и живеат на раб на егзистенција. Од скромниот почеток сега стигнуваат до повеќе од 150 оброци спакувани во алуминиумски садови.

Не важно дали е ориз со копан, гравче-тавче, печен компир или макарони со парче месо и сaлата, важно што е свежо и доволно за еден ручек.

Бројот на оброци секоја недела постојано се зголемува, а ова се должи насе поголемиот интерес и јавувањето на се' повеќе нови лица кои се приклучуваат, организации, фирми и хумани граѓани кои учествуваат било за подготовка, било за транспорт на оброците дури и низ повеќе градови во земјава.

Се надеваме дека од сабота во сабота ќе имаме се повеќе луѓе кои што ќе донесат храна на нашето збирно место – зад Спомен-куќата на Мајка Тереза, изјавија од Ретвитни Оброк.

Повеќе за денешниот настан и прославата на 2-от роденден на Ретвитни Оброк заедно со Мрдни со Прст и DJ Goce SAF можете да дознаете на официјалниот настан на Facebook: https://www.facebook.com/events/281268385658355/

Кампањата „Мрдни со прст“ продолжува и понатаму, а секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страната www.mrdnisoprst.mk или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови