Работат, а не земаат плата

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2017, изнесувала 22.347 денари, што е зголемување за 2,4 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

Како и секој месец изминатава година, така и во февруари, годинава постојат работници кои иако совесно си ги завршиле работните задачи не зеле плата. Според податоците на ДЗС, во февруари 2017 година, 1,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови