Политичката криза носи недоверба во денарот: Граѓаните повеќе штедат во девизи

Кај вкупните депозити(штедни влогови) на домаќинствата во март, годинава се бележи месечно намалување од 0,6%, при месечен пад и кај денарските и девизните депозити, а на годишна основа, депозитите од домаќинствата бележат раст од 1,8%, којшто во целост произлегува од зголемувањето на депозитите во странска валута, наспроти намалувањето на денарските депозити, соопшти Народната банка

„Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во март, бележат месечно зголемување од 0,8%, во целост заради краткорочните депозити во странска валута, при намалување на денарските депозити (пред сѐ депозитните пари). На годишна основа, корпоративните депозити бележат раст од 8,8%, со придонес на денарските и девизните депозити во годишната промена од 59,2% и 40,8% соодветно“, соопшти НБМ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови