Банките го зголемиле кредитирањето на населението и на компаниите

Во март, вкупните кредити на корпоративниот сектор(компаниите) остварија месечен раст од 1,1%, со речиси идентичен придонес на денарските и девизните кредити во промената, соопшти Народната банка. Споредено на годишна основа, кредитната активност кон корпоративниот сектор е намалена за 5,2%, во поголем дел заради кредитите одобрени во странска валута.

„Сепак, доколку се исклучи ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, кредитите на корпоративниот сектор во март бележат годишен раст од 2,9%“, соопшти НБМ.

Кај вкупните кредити на домаќинствата во март регистриран е месечен и годишен раст од 1,4% и 6,6%, соодветно.

„Месечните и годишните зголемувања, исто како и претходниот месец, главно се резултат на растот на денарските пласмани на банките и штедилниците кај домаќинствата. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со Одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст во март кај домаќинствата би изнесувал 10,5%“, соопшти НБМ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови