Општина Карпош: Симптоматично е што пожарот многу брзо се ширеше

Општина Карпош изрази жалење за денешниот пожар во којашто изгоре поранешниот Градски завод за урбанизам, кој е во стечај.

- Со ова заминува дел од историјата на Град Скопје, макети од значајни објекти, проекти и урбанистички планови. Симптоматично е што пожарот многу брзо се ширеше и затоа Општина Карпош бара од Министерството за внатрешни работи - Службата за противпожарна заштита да направи темелна истрага за причините за пожарот, се наведува во соопштението. 

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови