Никој не ги ферма работниците

Денеска кога се прославува Денот на трудот и се зборува за работнички права, воопшто не може да се каже дека работниците кај нас ги имаат истите.

Нема и правда за нив!

Ептен ретки се случаите кога на суд работникот добива случај против работодавец и истиот да ја извршил судската одлука и да го обесштетил работникот. Правдата како и во другите сегменти во општеството, ги заобиколува и работниците.

И не само правдата! Мнозинството од работниците едвај преживуваат.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата во Македонија е 22.347 денари. Според анализата на Институтот за економски истражувања Finance Think, 76% од вработените, примаат плата пониска од 20.000 ден.

Ако се земе предвид дека минималната потрошувачка кошничка е околу 500 евра, тогаш е јасна куповната (не) моќ и на вработените.

И да работите, повторно имате тешкотии да ги платите сметките, да се прехраните, да си купите гардероба, да имате социјален живот.

Повеќе од 20.000 денари земаат само вработените во ИТ индустријата, финансискиот и енергетскиот сектор, јавна управа и одбрана.

Текстилниот е сектор каде што има најмногу кршење на работнички права. Неодамна 40 текстилни работнички пријавиле прекршување на работното време, навреди од раководители, примање на пари дел на сметка, дел на рака, работа на празници и др.

И тука заврши приказната. Никому ништо. Текстилните работнички и понатаму работат под истите услови.

Најпревилигирани се вработените во државната администрација. Таму нема проблем за користење на одмори, слободни денови, боледувања, и сл. 

Синдикатите, кои треба да бидат гласот на работниците и да се борат за нивните права, ги нема никаде, ниту пак имаат какво било влијание. Или шуруваат со власта или пак не умеат како да се изборат за правата на работниците.

Имајќи ја предвид позицијата на работникот во Македонија, неговото место денеска треба да биде на улиците каде што ќе го крене гласот против неправдата што секојдневно ја трпи, наместо да распалува ќумур за скара на некое излетничко место.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВИДЕО) Како се празнуваше 1 Мај во 1960 година: Македонските работници денес како робови

Додека работниците сонуваат за редовна плата, какви се надоместоци земаат македонските директори?

Кратка историја за потеклото на 1 Мај: Како работниците го дигнаа својот глас

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести