Исландскиот писател и басистот на Бјорк, Браги Олафсон ќе гостува во Скопје

Исландскиот писател Браги Олафсон ќе биде специјален гостин на 5.Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“, што ќе се одржи од 28 до 30 мај во Скопје.

Иако концептот на фестивалот е да се фокусира на балканските писатели, годинава ги прошируваме нашите видици, претставувајќи ѝ на македонската јавност еден особено интересен автор, претставник на книжевност што е малку позната кај нас.

Тој ќе биде во друштво на уште шестмина писатели од Балканот, кои во трите фестивалски дена ќе можат да им доближат на своите читатели во Македонија. 

Организаторот на фестивалот, издавачката куќа „Икона“ ги издаде романите „Миленичињата“ и „Амбасадорот“ на Олафсон, во превод на Натка Најдов. Двете дела ќе бидат промовирани во рамките на фестивалот. 

И покрај завидната писателска кариера, Олафсон, пред сѐ, е познат како музичар. Тој беше дел од познатиот бенд „Шугаркјубс“ и со години верен басист на Бјорк. 

Роден е во Рејкјавик во 1962 година. Интересен е изборот на професии, којшто тој го имал. Работел како поштар, службеник во банка, асистент на продажба, музичар, новинар...

Тој е косопственик на музичката компанија „Bad taste Ltd., што постои 30 години и издава популарна музика, џез, модерна исландска музика.

Неговите романи „Слободни денови“ и „Миленичињата“ беа во потесен избор на двете главни литературни награди во Исланд. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови