Додека во парламентот се гласаа нови мерки за штедење, Грците гледаа Survivor

Од Солун за еМагазин, Петре Димитров

Додека синоќа во грчкиот Парламент се дебатираше за новите мерки за штедење, Грците пред малите екрани со нетрпение очекуваа кој ќе победи во битката помеѓу учесниците на грчкото и турското издание на Survivor.

Реалното шоу Survivor руши рекорди во гледаност, а синоќешното издание беше од посебен „национален“ интерес.

Дури и министерот за финансии Евклидис Цакалатос во Парламентот се пошегува дека пратениците се оставени сами да ги гласаат мерките, бидејќи девет од десет Грци во моментов гледат Survivor.

Грците изгубија од Турците во првиот натпревар, но добија нови мерки за штедење, кои претходно беа договорени од страна на грчката Влада и кредиторите на земјата, во замена за нова транша меѓународна помош.

Изгласаниот Нацрт-закон, предвидува нови намалувања на пензиите од 2019 година, зголемување на даноците и ограничување на социјалната помош. 

Секако и оваа гласање не помина без протести, па пред зградата на грчкиот Парламент синоќа се собраа речиси 10.000 лица, а дел од нив врз полицијата фрлаа молотови коктели.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Грците „навлечени“ на Survivor

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови