Градот Скопје постави осум патоказни табли за туристите

Градот Скопје постави осум патоказни табли, на осум локации во центарот на градот, за промоција на културно-историските објекти и за полесна ориентација на граѓаните и на туристите.

Како дел од проектот „Поставување на туристички патоказни табли“ поставени се осум столба со по 3 патоказни табли, кои ќе им послужат на посетителите и на граѓаните лесно да се ориентираат и да го посетат саканиот културно-историски објект или локалитет во централното градско подрачје.

Некои од нив се наоѓаат на плоштадите, наспроти Собранието, наспроти „Порта Македонија“, улица Македонија и друго.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови