Како да ги импресионирате шефот и колегите

1526 Views Мај 25, 2017 Office Камелија Делија

Што треба да направите за да оставите добар впечаток уште на самиот почеток, било да сте тукушто вработени или да сте пронашле нова работа? Има неколку одговори на ова прашање:

Не бидете мрзеливи

Интервјуто за работа е еден од најтешките испити кои ќе мора да ги положите. Но, ако напорно сте се подготвувале за него, нема поента сега да запрете. Немојте никогаш да престанете да истражувате и да учите, за да бидете во можност да понудите помош кога вашата компанија ќе има проблеми. Тоа е клично за успех на деловен план. Исто така е важно да сфатите кои се клучни играчи – кој може да ви помогне и да ви ја олесни работата, а кој може работата да ви ја претвори во пекол.

Слушајте и учете

Впивајте се што се случува околу вас, но држете ја главата долу. Многу е важно да сфатите како функционираат работите и што се очекува од вас. Исто така многу можете да научите од другите. Затоа обрнете внимание што другите прават, учете и поставувајте само интелегентни прашања. Така првите недели ќе се држите понастрана од неволји, зошто така покажувате дека сте посветени на работата и вредностие на компанијата.

Мали чекори 

Сега кога сте вработени, јасно ви е дека што побрзо сакате да покажете дека ја вработиле вистинската личност. Но, Џон истакнува дека тоа не е секогаш добра стратегија. Бидете многу внимателни, ако сакате во така рана фаза да понудите идеи, да не излезе дека веќе го критикувте начинот на кој работата се одвива до тогаш. Изнесете ги предлозите на начин што ќе ги објасните методите со кои веќе се користевте и кои се покажале како успешни, но бидете сигурни дека истовремено ќе изразите почитувње кон она што компанијата веќе го прави.

Нови луѓе

Запознавањето нови луѓе е возбудливо, но понекогаш може да биде и застрашувачко, посебно кога сте нови. Но, никако немојте да бидете лице кое ќе стои во ќош. Кога ќе се запознаете со новите колеги, немојте само да се смешкате и да мрдате со глава. Покажете интерес за нивната работа и поставете им некое прашање. Битно е само да не отидете предалеку – прерано.

Брзи победи 

Можеби сакате веднаш да го промените начинот на работа на компанијата, но и самите знаете дека тоа е невозможно. Наместо тоа, размислете за успесите, кои можете да ги постигнете со малку време и со минимално вложен  труд? Брзи и позитивни промени се идеални за да се докажете, но претходно побарајте дозвола од надредените, секако со образложение зошто тие промени би биле добри.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести