(Фото) Летна колекција „La Piscine“

Инспирирана од 50-те и 60-те години, колекцијата La Piscine се појавувва како клучна тема за летните денови. Сцената на познатите Молитор базени во Париз, каде доминираат боите е главна инспирација за колекцијата која нè носи во ретро-лето полно со геометриски фигури и колор блокирање. 

Чанти во црвена, сина и жолта боја со впечатливи риги; торби со дрвени рачки и цветови за лето во кое најважниот елемент се деталите. Чевлите, исто така, имаат винтиџ инспирација: платформите во интензивна црвена боја се едни од централните елементи во колекцијата. 

Ако накитот е клучен за незаборавно лето, тогаш La Piscine нè носи на едно сосема ново ниво каде акрилот и текстилот се во хармонија и создаваат впечатливи ланчиња и обетки кои ќе ја збогатат дури и наједноставната комбинација.

Oчилата за сонце во сина и црна боја со бели ленти ја имаат елеганцијата и естетиката која доминирала во 50-тите и 60-тите такашто тие се совршено дополнување на целосниот изглед. 

Златните денови на 50-тите се тука и носат разнобојно и ретро лето за модерните жени кои сакаат да го оживеат минатото.

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести