Како треба да се однесува џентлменот во канцеларија

1696 Views Јуни 1, 2017 Office Камелија Делија

Доброто одело не е ниту предуслов ниту пак неопходно за да бидете џентлмен, туку потребно е да бидете софистицирани, љубезни и професионални на работното место.

Ако сакате да бидете вистински џентлемен на вашето работно место, тогаш следете ги овие правила:

1. Џентлменот никогаш не влегува во туѓа канцеларија ненајавен или без претходно да чукне на вратата, дури и ако таа е отворенa.

2. Доколку канцеларијата ја дели со други колеги, тогаш џентлменот знае дека неговите телефонски разговори можат да ги чујат сите. Затоа секогаш зборува тивко, не го повишува тонот и не се смее гласно додека другите работат.

3. Доколку од колегата позајми пенкало, џентлменот секогаш го враќа такво какво што му е дадено.

4. Џентлменот никогаш нема да се осмели да лаже кога станува збор за неговите постигнувања во кариерата.

5. Кога доаѓа на интервју, џентлменот е облечен како да дошол на работа. На тој начин тој дава до знаење дека од него може да се очекува совршена уредност.

6. Откако ќе заврши интервјуто, џентлменот секогаш испраќа порака во која ја изразува својата благодарност за укажаната прилика од страна на можниот работодавец.

7. Кога дава отказ или кога е го отпуштат од работа, џентлменот заминува гордо и достоинствено. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести