Меркел: Перспективите за членство на Западен Балкан во ЕУ треба да се имаат предвид

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека Европската унија гледа интереси на други „геополитички актери“ кон државите од Западен Балкан и смета дека треба да се почитува преспективата за интеграција на тие држави во Унијата, јави ТАСС.

Меркел тоа го изјави на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Има повеќе геополитички актери, кои се разбира се заинтересирани за подобрување на односите со државите од тој регион, и ние сакаме да покажеме дека перспективите за членство на Западен Балкан се непроменети, изјави германската канцеларка. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.