Завршната конференција на ИПА проектот – „Унапредување на услугите за социјална вклученост“

На 8 јуни 2017 се одржа завршната конференција на ИПА проектот поддржан од ЕУ – „Унапредување на услугите за социјална вклученост“.

На настанот министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ги додели сертификатите на учесниците во обуките во рамките на проектот за професионална рехабилитација и персонална асистенција. 

Цел на проектот е да ù асистира на државата во подобрување на системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на лицата со попреченост и да промовира еднакви можности на пазарот на трудот. 

Токму финалните резултати од двегодишниот проект беа презентирани и дискутирани на завршната конференција. За време на неговото времетраење, од 2015 до 2017, проектот значајно придонесе кон развој и имплементација на услугите за професионална рехабилитација и лична асистенција за лицата со попреченост, а имаше и голем придонес во подобрување на испораката и мониторирањето на услугите кои им се пружаат на овие ранливи групи на граѓани.

Проектот „Унапредување на услугите за социјална вклученост“ е финансиран од Инструментот за предпристапна помош – ИПА на Европската Унија, а е имплементиран од страна на  проектниот конзорциум WYG INTERNATIONAL LTD.

Потписник на договорот е Министерството за финансии-Сектор за централно финансирање и склучување договори, а главен корисник на проектот е Министерството за труд и социјална политика. Времетраењето на проектот е 24 месеци (15.07.2015-15.07.2017), со вкупен буџет од 1.366.250 евра. 

Завршната конференција на проектот „Унапредување на услугите за социјална вклученост“ финансиран од ЕУ, ќе ги донесе на едно место лицата со попреченост, претставниците на институциите, давателите на услуги, членовите и вработените во невладините организации, за да ги споделат своите искуства и да дискутираат за најитните прашања во врска со социјалната вклученост на ранливите групи граѓани. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.