Победете го стресот на работното место

1364 Views Јуни 8, 2017 Office Камелија Делија

Секојдневното соочување со стрес на работното место се одразува врз вашето здравје. Изложувањето во стресна околина нема да ви донесе ништо добро, па запомнете ги овие неколку дневни ритуали кои ќе ви помогнат да ги надминете нервозите.

Не заборавајте, никогаш не го носете стресот или нервозата дома, оставете ги на работното место.

Станувајте порано. Помислата дека може да задоцните ви прави дополнителен стрес. Поместете го алармот половина час порано од вообичаеното и направете си утринско кафе, на тој начин денот ќе ви помине релаксирачки.

Концентрирајте се. Не почнувајте веднаш со работа. Најпрво, дозволете си да се сконцентрирате неколку минути и во себе направете си план што ви е приориет да завршите веднаш, а што подоцна. Секогаш бидете организирани.

Правете паузи. Освен онаа пауза за ручек, практикувајте секој час да земате мала пауза од неколку минути и одморете ги очите и мислите.

Слушајте музика. Музиката значително го победува стресот, па додека работите доколку не ви пречи, пуштете си некоја плеј листа со вашите омилени песни.

Одговорност. Кон крајот на денот погледнете што сте завршиле од работата и организирајте се за следниот ден. Така следниот ден ќе постигнете полесно соочување со работните обврски.

Како вие го победувате стресот на работното место?

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести