Овој пат членството во НАТО не ни бега?

Од шпекулација, членството на Македонија под привременто име Поранешна Југословенска Република Македонија во НАТО стана топ тема во земјава, а и во регионот и пошироко.

Освен тоа што секојдневно македонските медиуми пишуваат на темава, голем интерес истава предизвика и во грчките медиуми, но и во хрватските и српските, а со анализи и предвидувања излегоа и весници од типот на Фајненшал тајмс и Гардијан.

Атмосфера дека на повидок е некакво решение за името, што е клучно за членство во НАТО имало и порано, но на крај очекувањата издишале како балон.

Сепак основното прашање е колку брзо може да се реши спор кој трае повеќе од 27 години, а од него да бидат задоволни и Македонците и Грците и дали овој пат очекувањата се реални.

Сите добро знаеме дека за Македонците, името и зачувувањето на идентитетот се најважните прашања. Многу анкети покажале дека овие работи се пред било што друго и мнозинството не би се согласило да го менува името за да влезе во НАТО и ЕУ.

Да се надеваме дека „креаторите„ на новите очекувања ја имаат во предвид и употребата на придавката „македонски“ или практично: македонски јазик, македонски народ, македонска влада или еМагазин, прв македонски онлјан магазин, како што е нашево лого и сл.

Ако станеме народ на Северна или Горна Македонија или незнам на каква, а не македонски народ, тогаш губиме се. 

И секако да се надеваме дека „креаторите“ во предвид ги имаат и нашите факти и аргументи и правото на името Македонија. 

Оти ако нема правда, нема ни мир.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Коѕиас: Грција нема да дозволи Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО под привремената референца

Гардијан: Македонија и Грција се блиску до решавање на 27-годишниот спор околу името

Во Грција не стивнуваат реакциите за Македонија и НАТО

Германски Тагесцајтунг: Македонија веројатно ќе се преименува

Фајненшл Тајмс го смени насловот: Македонија ја разгледува можноста со ФИРОМ да влезе во НАТО 

„Катимерини“: „Жешко“ лето за членството на Македонија во НАТО

Јутарњи лист: Во Брисел направен план за влез на Македонија во НАТО најдоцна до следната пролет

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови