Тајната на успешен бизнис лежи во навидум глупави идеи

1050 Views Јуни 24, 2017 Office Камелија Делија

Имате идеја за бизнис која звучи лошо и неизводливо? Основачите на едни од најуспешните компании во светот велат дека тука лежи тајната на успехот и богатството.

Идејата всушност воопшто не треба да ја гледате како лоша, туку генијална. На овој начин настанале многу познати компании како што се Фејсбук, Гугл и Мајкрософт.

Големите компании посветуваат многу време на идеите кои звучат многу лошо на почеток и инвестираат голем капитал во нивно разработување. Еден пример е компанијата Airbnb. Недоволно разработена идеја која никој не мислел дека ќе се прифати низ светот.

Постојат три карактеристики на добрите идеи кои навидум изгледаат лошо:

1. Идејата личи на хоби, а не на бизнис

Ако се сомневате дека некоја идеја може да ви донесе пари и сметате дека можеби е подобро да остане како хоби за во слободното време, размислете подобро. Првиот Apple компјутер бил направен во гаража.

2. Идеја која се заснова на обезбедување услуга што веќе ја нуди некоја друга компанија

Во редакцијата на весникот Њујорк Тајмс не мислеле дека е добра идеја огласите кои ги објавувале во весникот да ги објавуваат онлајн. На сцена стапила компанијата Крегслист, каде ја спровеле оваа идеја и денес оваа компанија вреди 2 милиони долари.

3. Идеја која големите компании ја отфрлаат

Во 1876 година, компанијата за телеграми Вестерн Јунион одбила да купи опрема за телефонирање, бидејќи сметала дека телеграмите се подобар начин на комуникација. Токму ваквите „отфрлени“ идеи можат да ве збогатат ако знаете правилно да ги искористите.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести