Трет премиер по ред без куќа: Објавен премиерскиот анкетен лист на Заев

еМагазин продолжува со серијалот во кој ја објавуваме имотната состојба на членовите на новата Влада.

Во последниот ден од рокот од 30 дена за пријавување на имотнатата состојба до Државната комисија за спречување корупција е објавен и премиерскиот анкетен лист на премиерот Зоран Заев.

Според неговиот анкетен лист, како премиер, кој е идентичен со тој што го поднесол како пратеник по последните избори, Заев на свое име има само побарување-заем од 4,3 милиони денари.



Заев е и без куќа и без автомобил на свое име.

Пријавил куќа од 400 метри квадратни во Струмица вредна 18,4 милиони денари на име на родителите, на чие име пријавил и земјиште вредно 2,5 милиони денари.

На име на родителите пријавил и стан и деловен простор, а сметки во банка на име на деца и брачниот другар.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

И неговиот претходник, техничкиот премиер, Емил Димитриев, на свое име нема недвижен имот. На име на родителите пријавил куќа и земјиште, а на свое оружје и уметнички и колекционерски предмети.

Целиот негов имотен лист, ОВДЕ.

И поранешниот премиер Никола Груевски сега пратеник и лидер на ВМРО-ДПМНЕ според анкетниот лист , не поседува недвижен имот, ниту пак неговиот брачен партнер.

Нема пријавено ни дали поседува автомобил или друго превозно средство.

Но, до Државната комисија за спречување корупција доставил список од поголем број на денарски и девизни сметки во неколку банки, и информации за неговите штедни влогови.

Штеди во неколку валути од долари до евра.

Пријавил и 33 уметнички слики.

Има и готовина од 38.000 денари и 2.100 евра.

Целиот анкетен лист ОВДЕ.

Фото: СДСМ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Како Заев од земјоделец стана бизнисмен

ЕКСКЛУЗИВНО еМагазин во Муртино: Како изгледа куќата во која пораснал премиерот Заев

(Фото) Што знаеме за Зорица, сопругата и семејството на премиерот Зоран Заев

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот има Кочо Анѓушев: Куќа на Халкидики, станови во Скопје и Белград

Има три автомобили: Каков имотот има министерот за економија, Крешник Бектеши

Објавен министерскиот анкетен лист на Шекеринска: Каков имот пријавила?

И министерот за правда, Билен Салију без куќа

Рената Дескоска го објави анкетниот лист како министерка, не откри колку пари има во банка

Колку “тежи“ Бујар Османи

Каков имот пријавил министерот за земјоделие: Николовски без куќа и без автомобил

Каков имот поседува министерот за информатичко општество и администрација, Манчевски

Каков имот поседува министерот за внатрешни: Спасовски добил куќа на подарок и вози Пежо

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.