Остана ли некој невработен од критичарите на претходната власт?

За нешто повеќе од триесет дена од формирањето на новата влада, додека се уште чекаме поставување на директори на клучните државни институции и претпријатија, лека полека во власта во различни сектори влегоа еден куп лица од невладиниот сектор, кои до скоро беа најголемите критичари на претходната власт.

Трендот продолжува, а деновиве се шпекулира и за уште двајца познати твитерџии.

Мислењата во јавноста и на социјалните мрежи за ваквиот расплет на работите се поделени. Според едните, новата власт уште во старт губи од кредибилитетот со ангажирање на лица од невладиниот сектор, а според другите станува збор за лица кои се квалитетни кадри и се на ниво на задачата.

Интересно е дека и самите ангажирани лица, информациите за вработувањето ги соопштија со доза на оправдување.

Како и да е останува отворено клучното прашање: „Кој сега ќе ја критикува новата Влада“? А, секако и прашањето како овие лица еден ден ќе се вратат да бидат активисти во невладин сектор, кога биле дел од владиниот. 

Мнозинството пак од медиумите се во некаква летаргија и како да чекаат да поминат 100. дена од нејзиното формирање за да ги изострат моливите, а невладиниот сектор, речи го нема на сцена.

Да се надеваме дека работите набрзо ќе се сменат, бидејќи идеална власт никаде не постои, посебно не во Македонија. Не за друго. И самата власт постојано бара да биде критикувана, а и на народот му се скршија розевите очила кои ги носеше неколку години.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Коалиционите партнери неможат да се договорат кој ќе го води ЕЛЕМ, МЕПСО, Царинска управа...

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови